Џенифер Лопез им го честиташе 15-от роденденот на своите близнаци: Пејачката откри како ги нарекува Макс и Ема (ВИДЕО)
Пејачката своите деца од милост ги нарекува „прекрасни, брилијантни кокоси“...
Близнаците на Џенифер Лопез го прославија 15-от роденден, а нивната позната мајка на Инстаграм сподели видео исполнето со убави семејни моменти.
„Среќен роденден на моите прекрасни, брилијантни кокоси“ - напиша Џенифер, откривајќи како од милост ги нарекува своите деца.
Додека во позадина свири синглот „Fifteen“, кој Тејлор Свифт од 2008 година, можеме да видиме како Макс и Ема ги славеле родендените како мали и како изгледале додека биле бебиња.
„Толку сум горда на вас двајца во секој поглед. Носите многу радост и среќа во моето срце и душа. Ве сакам засекогаш. Среќен роденден“ - вака Џеј Ло им го честиташе роденден Џеј Ло.
Пејачкта сподели и заеднички фотографии со нивниот татко и нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони, нои фотографии од близнаците со нејзиниот сегашен сопруг - Бен Афлек.
Бен од првиот брак со Џенифер Гарнер има три деца, но извори блиски на семејството велат дека децата на Џенифер и Афлек се согласуваат одлично.
Дека Бен е и повеќе од одличен татко, Џенифер потврди кога му го честиташе Денот на татковците, посочувајќи дека е најљубезниот и највнимателниот татко на сите времиња.
фото: Принтскрин / Инстаграм