Џиџи Хадид е повторно заљубена: Манекенката и нејзиното ново момче ги криеја лицата додека бегаа од ресторанот пред љубопитните луѓе
Се чини дека новиот избраник на срцето на Џиџи е актерот кој е постар од неа дури 21 година...
Веќе подолго време во медиумите се зборува дека Леонардо Дикаприо и Џиџи Хадид се во љубовна врска. 48-годишниот актер и 27-годишната манекенка никогаш не ги потврдија тие шпекувалции, но затоа не ги ни демантираа.
Но, некоја хемија и романса очигледно се случува помеѓу нив двајца. Имено, Џиџи и Лео се уловени овој викенд пред ресторанот „Cipriani“ во Њујорк. Кога ги забележиле папараците, Џиџи го прекрила лицето со шал, а Лео навлекол маска за лице и ја спуштил капата за никој да не го препознае. Доколку помеѓу нив нема ништо, зошто би се криеле?
Gigi Hadid and Leonardo DiCaprio Spotted Leaving Same NYC Restaurant#hotgossipnewz #pediapie #GigiHadid #LeonardoDiCaprio #Spotted #LeavingSameNYCRestaurant #dinnerdate #datinghttps://t.co/Ql2G1ur6vV pic.twitter.com/42cfTBKV1k
— hotgossipnewz (@hotgosipnewz) November 21, 2022
Актерот ја прекина својата врска со 25-годишната Камила Мороне и тоа овој август. Тогаш беше предмет на исмевање на социјалните мрежи, поради љубовните избори. Дикаприо се гледаше со Жизел Бундхен, Бар Рафаели, Блејк Лајвли, Ерик Нетертон, Тони Гарн, Кели Рорбах и Нина Агдал. Сите тие убавици не беа постари од 25 години кога раскинаа со Леондардо, па го нарекоа сексист, кој ги напушта партнерките откако ќе го прослават 25-от роденден.
Џиџи пак, беше во долгогодишна врска со музичарот Зејн Малик. Тие двајца почнаа да се забавуваат во 2015 година, а во 2020 ја добија ќерката Каи. Двојката се раздели во септември минатата година. Џиџи го обвини Зејм поради лошото однесување кон нејзината мајка Јоланда, кон која Зејн наводно бил насилен.
Иако е присутна голема разлика во годините, најбараната манекенка на денешницата и познатиот актер, сигурно ќе бидат една од омилените холивудски двојки.
фото: Принтскрин / Инстаграм