Џиџи Хадид го прослави 27-от роденден: Комбинацијата која ја носеше стана вистинска сензација (ФОТО)

Џиџи Хадид го прослави 27-от роденден: Комбинацијата која ја носеше стана вистинска сензација (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Не би очекувале ништо помалку од Џиџи...

Џиџи на 23 април го прослави својот 27-ми роденден и секако дека направил кул забава. Ѕвезда на вечерта секако дека беше таа, а во тоа и помогна и изборот на облеката. Тоа не е нешто што секој би се осмелил да го носи на својата роденденска забава.

Џиџи својот роденден го прослави во кругот на семејството и пријателите во приватниот клуб „Zero Bond“ во Њујорк, а папараците беа подготвени за да ги фотографираат комбинациите на неа и нејзините гости. Онаа која ги освои сите, секако дека беше на славеничката. Џиџи знае како да се облече и да го привлече вниманието, а истовремено да изгледа добро, а не само лудо. За овој роденден беше во бело од глава до петици.

Комбинацијата од корсет и проѕирни панталони, со долгата наметка беше апсолутен погодок, бидејќи Интернетот полуде од воодушевување по оваа комбинација. Иако е прилично проѕирна и покажува многу, не изгледа многу провокативно. Повеќе покажува дека нејзината сопственичка е модна икона.

Целата комбинација ја направена од австралискиот бренд Дион Ли. Некои се малку разочарани од изгледот на Џиџи, но тие се во многу мал број. Комбинацијата дефинитивно ѝ е „over the top“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: