Џиџи Хадид одблиску и без шминка: Како навистина изгледа лицето на овој популарен модел? (ФОТО)
Никој не е совршен...
Толку сме навикнати да ги гледаме познатите личности со лице полно шминка кои изгледаат убаво и освежено, па затоа ни е изненадување кога ќе одлучат да ни покажат како изгледаат секојдневно, кога не се пред камерите.
Џиџи Хадид пред некој ден на Инстаграм објави фотографија која на многумина им влезе во очи, бидејќи на неа таа има минимална количина на шминка и добро се гледа како всушност ѝ изгледа кожата на лицето. Совршено! Скоро па совршено, бидејќи и Џиџи, како и сите ние, има текстура на лицето.
Ретки се оние чие лице во потполност е мазно и без ниту една несовршеност. Ако ова воопшто може да се нарече „несовршеност“. Обично познатите користат апликации за уредување на фотографиите за да го испеглаат лцието и да им изгледа мазно и еднолично. Џиџи сега на сите им покажа дека и нејзиното лице има текстура, дека и таа има пори, но дека не се оптоварува со тоа.
Моделите на кожаат редовно имаат многу шминка и всушност е изненадувачки како успеваат да ја зачуваат кожата и да им изгледа здраво. Џиџи моментално е во Милано на Модната недела и ужива во сонцето. Иако на фотографијата се гледа дека има кармин, остатокот од лицето изгледа како да нема ни ронка шминка. Само природниот сјај во комбинација од сонцето и кремата или серумот за лице. Кога ќе се спореди со она како сме навикнати да ја гледаме, каде секогаш е совршено нашминкана, ова е голема разлика.
фото: Инстаграм