Еден од најдобрите пријатели на Ариана Гранде почина од коронавирус: Многу сум тажна
Ситуацијата со коронавирусот во Соединетите Американски Државиви е многу тешка, а нов шок предизвика смртта на актерот Ник Кордеро. Имаше само 41 година. Ник беше многу познат како актер на Бродвеј, каде Ариана Гранде настапуваше безброј пати, па не е ни чудо што таа помеѓу првите му оддаде почит.
Веста дека тој почина прва ја објави неговата сопруга Аманда Клотс на својот Инстаграм профил, со зборовите: „Бог има уште еден ангел на небото. Мојот драг сопруг почина ова утро. Беше окружен со љубовта на семејството, а планетата ја напушти со песна и молитва. Јас не можам да го замислам животот без него. Беше прекрасен актер и музичар. Многу го сакаше своето семејство. На мојот син и на мене секогаш ќе ни недостасува“. Ник се мачеше четири месеци, а состојбата му се влошуваше од ден на ден.
Веднаш по оваа објава, ѕвездите започнаа да го искажуваат своето сочувство, а помеѓу првите беше и семејството Гранде. Ариана на „стори“ на Инстаграм сподели фотографија од Ник со нејзиниот брат Бренки, а коментарот кој таа го остави гласеше: „Многу сум тажна. Почивај во мир Ник.“