Единствената кошула која ви треба оваа пролет: Може да ја комбинирате во повеќе стилови (ФОТО)
Доколку сте во потрага по сина кошула, задолжително проверете ја понудата на highstreet брендовите...
Да бидеме искрени од кошулите никогаш не ни е доста, особено сега, кога пролетта ни е пред врата. А, кога веќе зборуваме за ова „must have“ модно парче, моделот во сина боја апсолутно доминира над кошулите во другите нијанси, но за тоа постои добра причина.
Пред сѐ, светлите нијанси на сината се идеални за поелегантните комбинации, даваат свежина на лцието, визуелно прават да изгледате поотворено, помладо, а со тоа, се фантастичен додаток и за посекојдневните изданија.
Даваат елеганција во секоја комбинација, без разлика дали ги носите на костим или пак со здолниште и фармерки.
Трендсетерките се двоумат помеѓу „машките“, односно класичните сини еднобојни и оние на линии, но кој модел и да го изберете нема да погрешите.
Истото важи и за самиот избор на модел, и иако кратките варијанти се особено популарни, девојките и понатаму се колнат во предимензионирате парчиња кои добро стојат на секоја градба на тело.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Пинтерест