Единствените обетки што ѕвездите ги носат овие денови: (Не)обични се, ги имаат сите трендсетерки и не се толку скапи како што очекувате

Единствените обетки што ѕвездите ги носат овие денови: (Не)обични се, ги имаат сите трендсетерки и не се толку скапи како што очекувате

Објавена во: Мода // Must have

Фото: AMY SUSSMAN / GETTY IMAGES / PROFIMEDIA

Колекцијата во која се наоѓа овој модел е распродадена четири пати, а еден пар обетки особено ги воодушеви познатите личности

Не се случува така често парче накит да доминира апсолутно на социјалните мрежи, иако има многу популарни трендови, како што се тенки мулти-ланчиња, пластични прстени, обетки во форма на детелина...


Сега се појави нешто што шармираше многу познати девојки, а странските медиуми пишуваат и дека овој накит е нешто заедничко за непријателките Хејли Бибер и Селена Гомез.

Станува збор за обетки од брендот „Jenny Bird“, за кои од златарницата велат дека се распродадени – четири пати!


Ова се обетки кои инфлуенсерите и светските познати личности едноставно ги обожаваат, па речиси секоја тренди девојка ги носи. Наречени „Nouveaux Puff“, тие се скулптурни, полни со волумен, а сепак лесни благодарение на нивниот шуплив дизајн.


Во облик на масивна полумесечина и се продаваат во злато и сребро, брендот „Jenny Bird“ вели дека тоа е накит што се натпреварува со вашата облека.

Цената на овие обетки е 120 американски долари.


Извор: glossy.espreso.co.rs

Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: