Една лименка сок и косата ќе ти биде кадрава: Новиот трик за виткање коса стана тренд (ВИДЕО)

Една лименка сок и косата ќе ти биде кадрава: Новиот трик за виткање коса стана тренд (ВИДЕО)

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Сè што треба да направиш е да испиеш еден сок во лименка...

Немој да ги фрлаш лименките, бидејќи може да ти послужат. Остави една со која ќе го пробаш овој трик за коса, поради кој ќе заборавиш на обичното виткање на косата!

Освен со фигаро, чорапи, лента или марама, постои уште еден нов трик како можеш да ја извиткаш косата! Моментално е во тренд на ТикТок, а сè што ти е потребно за него е една лименка од некој пијалок и фен за сушење коса! Останатото очигледно ќе направи некоја магија, бидејќи ниту на нас уште не ни е јасно како овој трик навистина функционира. Сè што треба да направиш е да ставиш прамен од косата во празната лименка, но внимавај - лименката треба да ти биде добро измиена, за да не остане во неа од течноста од пијалок. Понатаму, кога праменот ќе биде во лименката, земи фен и дувај во надворешната страна на лименката, а всушност ја загреваш, па со самото тоа ќе го загреваш и праменот во неа.

@meghaess I TRIED THE VIRAL HAIR CURLING IN A CAN HACK! #haircurlingtutorial #hairtutorial #hairtransformation #hairtok #blowdry #longhair #wavyhair #frizzyhair long way 2 go remix - *

Лименката загревај ја од сите страни, а по некое време праменот извади го од лименката и ќе ја видиш магијата, бидејќи тој ќе биде извиткан како тоа да си го направила со пегла или фигаро. Важно е да се напомене дека треба целиот прамен да ти биде во лименката, а и да не го сушиш предолго за да не се изгориш на лименката која ќе биде загреана. Во секој случај, трикот е предобар и мора веднаш да го испробаш.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: