Една од најубавите манекенки од поново време, се лекува од тешка зависност: Сите се со неа, а ова е нејзината исповед

Една од најубавите манекенки од поново време, се лекува од тешка зависност: Сите се со неа, а ова е нејзината исповед

Објавена во: Stars // Филм

Манекенката по голем притисок му подлегна на алкохолизмот, но сега е подобра и работи на закрепнување

Кара Делевињ важи за една од најпознатите модели на денешницата. Но, големата популарност и напорната работа  предизвикале таа да развие зависност од алкохол.

Минатата година одлучи да се откаже од алкохолот и да оди на рехабилитација, а сега за прв пат проговори за тоа како се чувствува бидејќи повеќе не пие алкохол.

- Не беше лесно, но немаше моменти кога мислев „Ова не вреди“. Вредеше секоја секунда која ја вложив во лекувањето. Не знам што ќе се случеше да не се откажев од се ова. Стабилна сум и посмирена – изјавила манекенката.

Кара Делевињ се чувствува многу подобро откако престана да пие алкохол. Како што открила, таа се чувствува како камен да и е симнат од срцето откако се отворила за сè низ што поминала.

- Долго време се чувствував како да кријам многу работи од луѓето кога ќе ме погледнаа во очи. Сега конечно се чувствувам доволно силна за да бидам тоа што сум – изјавила Кара Делевињ за „ELLE UK“.

Ситуацијата е многу подобра од лани

Да потсетиме, минатата година се појавија папарацо фотографии на манекенката и актерка на кои таа изгледаше многу лошо.

Токму ова беше повик за будење за Кари, и тогаш таа реши да се пријави за рехабилитација. Како што откри малку подоцна, тие фотографии и го скршиле срцето, па објаснила дека се е последица на пандемијата, но и дека наполнила 30 години.

Таа денес е посреќна од кога било, а патем ја доби и една од главните улоги во новата сезона на серијата „Американска хорор приказна“, каде ќе глуми и Ким Кардашијан.


caradelevingne/instagram/twitter/screenshot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: