Една остава бакшиш од 3.000 долари, друга бега од ресторан за да не плати сметка: Која од сестрите Кардашијан е најскржава?
Разоткриени се тајните на сестрите Кардашијан - Џенер...
Сестрите Кардашијан - Џенер се вбројуваат помеѓу најбогатите жени на планетата, но знаете ли колку се дарежливи и подготвени да го отворат паричникот кога треба да почестат некој? Угостителите кои имаа можност да ги послужуваат членовите на ова семејство ги дадоа своите оценки за тоа колку е галантна секоја од нив.
# Ким Кардашијан
Во 2015 година беше објавено дека Ким дала 300 долари бакшиш на сметка од 200 долари, додека вечерала со пријателите Џонатан Чебан и Сајмон Хак. Ова не е првпат Ким да ја покаже својата дарежливост.
„Неколку мои пријатели работеа во еден од хотелите во Ирска во кои Ким и Канје престојуваа за време на медениот месец. Двајцата биле многу дарежливи и давале голем бакшиш, што дури не е ни вообичаено за тука, кај нас“.
# Кајли и Крис Џенер
„Кајли Џенер, таа не дава бакшиш!“ - напиша еден келнер на социјалните мрежи, а кој учигледно имал блиска средба со најмладата милијардерка на светот. Сосема поинаков глас ја следи нејзината мајка, Крис Џенер.
„Крис Џенер ми даде 70 проценти бакшиш на целосната сметка и беше навистина прекрасна“.
Што се однесува до Кајли, ова не е првпат да се најде на столбот на срамот. Пред две години на ТикТок беше објавена вест дека Кајли дала сала само 20 долари бакшиш по вечера која чинела 500 долари.
Најмладата милијардерка важи за личност која многу лошо се однесува кон персоналот и лесно ги отфрла луѓето кои ѝ се верни со години.
# Кендал Џенер
Кендал во текот на годините беше мета на жестоките критики, бидејќи, наводно, е многу невоспитана кон персоналот во рестораните. Почнувајќи од 2014 година, Кеднал беше обинета дека се обидела да го напушти локалот без да ја плати сметката, а кога персоналот ја застанал, им ги фрлила парите во лице. Подоцна негираше дека некогаш фрлила пари, но призна дека заборавила да ја плати сметката, инсистирајќи дека дала бакшиш од 7 долари и платила сметка од 33 долари.
Во 2017 ггодина беше обвинета дека воопшто не оставила бакшиш по вечерата, а кога во јавноста се појави сметката, манекенката се правдаше дека бакшиш оставила во кеш.
# Клои Кардашијан
„Клои Кардашијан ми го остави најдобриот бакшиш кој го имам добиено во животот“ - напиша еден келнер на Редит и откри дека го почестила 3.000 долари. На овој коментар многумина се вклучија и потврдија дека Клои навистина е многу дарежлива и дека е најгалантна од целото семејство Кардашијан - Џенер.
„Пред неколку години мојата локална радио станица зборуваше за времето, кога Клои гостуваше кај нив, а по завршувањето на емисијата на сите во знак на благодарност им испрати пакети со препрати за нега. Од тогаш тврдиме дека Клои е најсочувствителна и најљубезна личност“ - напиша еден корисник на Редит.
# Кортни Кардашијан
За најновата неверста во семејство Кардашијан - Џенер, Кортни која неодамна се венчаше со Тревис Баркер, се зборува дека е многу скржава... Во 2014 година, Кортни престојуваше во Хемптонс додека снимаше реално шоу за своето семејство, а тогаш беше откриено дека не давала бакшиш доколку оброците се служеле бесплатно.
Секако, сите овие работи треба да се земат предвид со оглед на тоа што не постои вистински начин да се докаже дали навистина се случиле, но ова е секако тема за која јавноста секогаш се интересира и која е многу популарна на социјалните мрежи.
фото: Принтскрин / Инстаграм