Еднаш годишно им се препушта на професионалци: Кралицата се шминка сама
Овој детаљ од кралскиот живот го откри долгогодишната пријателка и дизајнерка на фустани на кралицата, Ангела Кели во својата книга „The Other Side of the Coin: The Queen, the Dresser and the Wardrobe“.
Кралицата Елизабета го претставува целото Обединето Кралство и секој пат е средена, а на сите ни се добро познати некојзините комплети и шешири. Но, она што многу не изненади е фактот дека кралицата професионални мејкап артисти ја шминкаат само еднаш годишно.
Очигледно кралицата најмногу сака да се шминка сама. Единствениот исклучок е за време на Божиќ кога го одржува својот годишен говор. Само тогаш ја разубавуваат професионални, пишува Cosmopolitan.