Едни имаат дипломирано - други не: На кои универзитети студираа познатите ѕвезди?
Откриваме кој од нив завршил факултет, а кој се откажал од образованието...
Крајот на учебната година е за неколку месеци, а ова е период кој е особено стресен за матурантите. Освен што мора да размислуваат за тоа со што сакаат да се занимаваат во животот, исто така ги загрижува моментот дали добро ги процениле сопствените интереси и способности и дали воопшто ќе може да се запишаат на посакуваат факултет.
Но, замислите да треба целиот овој стрес да го поминувате додека работите, но додека се справувате со папараците и обожавателите на секој чекор. Токму тоа ги мачеше некои од познатите личности, кои покрај славата и популарноста одлучија да го продолжат своето образование. Во продолжение ти откриваме што студирале твоите омилени ѕвезди и кои од нив всушност однеле диплома дома.
# Карли Клос
Помеѓу снимањата и одењето по модните писти, овој ангел на Викторија Сикрет одлучи да посетува предавања на Универзитетот во Њујорк. Иако не знаеме точно за која насока се има определено, знаеме дека ја интересира компјутерското кодирање, бидејќи води летен камп за девојки под назив „Кодирање со Клоси“.
# Дакота Фенинг
Познатата актерка исто така била студент на Универзитетот во Њујорк, каде се одлучила за насоката под назив женски студии. Дакота своето стекнато знаење го користи за јавно да укаже на големата разлика во приходите помеѓу жените и мажите во Америка.
# Ариел Винтер
Познатиот член на „Модерно семејство“, Ариел беше толку зафатена што мораше да го одложи студирањето за една година за да се посвети на актерството. Но, по една година, актерката е повторно на Универзитетот UCLA, каде студира политички науки, а отворено зборување и дека сака да се запише студии по право. Изгледа дека Ариел не е гениј само во серијата, туку и во вистинскиот живот.
# Јара Шахиди
Прекрасната актерка е доказ дека е возможно да се биде и паметен и убав. Таа студира на Харвард и се одлучи за две насоки - афроамерикански студии и социологија. На сите ни е познато колку е тешко да се влезе на Харвард, но како дел од пријавата, Јара приложила и писмо со препорака, која е напишано од Мишел Обама, па веруваме дека не и било многу тешко да се запише.
# Бруклин Бекам
Најстариот син на мегапопуларниот пар Викторија и Дејвид Бекам, се одлучи да студира фотографија на факултетот за уметност и дизајн „Parsons“ во Њујорк. Но, Бруклин својот талент за фотографија веќе го уновчи, па така зад себе има кампања за една книга, како и за познатиот бред Burberry.
# Ештон Кечер
Познатиот актер е првата личност на нашата листа која студирала пред популарноста. Имено, Ештон студирал биохемиско инжењерство, но се откажал бидејќи му се насмеала успешна кариера во моделингот. Со оглед на тоа дека сега е ценет актер и оженет со прекрасната Мила Кунис, која ја запозна на едно снимање, се сомневаме дека тагува по студентските денови.
# Џејмс Франко
Овој прекрасен актер воедно е и највнимателниот студент во Холивуд. Своевремено студирал англиски јазик, од што се откажал за да стане актер. Но, повторно се запишал на факултет и тоа на насоката креативно пишување. Едно време беше и приправник на оделот за поезија, а целта му е добие докторат. Покрај актерството и студирањето, исто така беше професор на неколку универзитети во Њујорк и Калифорнија.
# Ева Лонгорија
Оваа „очајна домаќинка“ ги завршила студиите по кинезиологија во Тексас. Освен тоа, магистрирала на Латиноамериканска култура.
# Кортни Кардашијан
Таа е единствена од сестрите која успешно завршила факултет. Кортни дипломирала на лизгачки уметности и шански јазик.
# Ема Вотсон
Освен што глумеше во филмовите за Хари Потер, Ема и во вистинскиот живот покажа дека е одличен ученик. Имено, завршила додипломски студии по англиска книжевност.
# Лил Вејн
Познатиот рапер, исто така се одлучи да добие диплома, а студирал политички науки на Универзитетот во Хјустон.
# Лили Колинс
Познатата актерка студиирала новинарство во Калифорнија, но од студиите се откажа на 20 година, кога добила улога во филм, каде глумеше со Сандра Булок.
# Џон Леџенд
Иако е многу талентиран за музика, познатиот пејач одлучил да студира англиски јазик, насока афроамериканска книжевност.