Едниот го оженија, а сега сака и другиот: 19-годишниот син на Бекам планира венчавка со познатата инфлуенсерка

Едниот го оженија, а сега сака и другиот: 19-годишниот син на Бекам планира венчавка со познатата инфлуенсерка

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Како што се наведува, тие сакале да помине некое време од венчавката на неговиот брат Бруклин за да можат да се верат...

Ромео Бекам, помладиот син на Викторија и Дејвид Бекам, наводно планира да се венча со девојката, модел и инфлуенсерка Миа Реган. Иако двајцата имаат по 19 години, тие веќе прават планови за заеднички живот.

Познато е дека Бекамови неодамна го оженија постариот син Бруклин, кој се венчаше со својата избраничка Никола Пелц, а тоа било и причина зошто Ромео ги одложил плановите со својата девојка.

Сега, кога помина сето тоа, тие двајца планираат венчавка, која наводно ќе биде поскромна, а за сето тоа разговарале додека биле на семеен одмор.

„Мајката на Маи е блиска со Викторија. Беше јасно дека двојката сака долгорочна заедничка иднина и веќе зборуваа за тоа дека се сродни души“ - наведува изворот близок до нив и додаде:

„Разговараа, сакаат големо семејство и едвај чекаат да почнат да работат на тоа.“

На социјланите мрежи одлично се гледа колку оваа двојка се сака, а изминатите денови се појавија и фотографии на кои се гледа дека биле на одмор со семејството Бекам на нивната луксузна јахта во Мајами.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: