Едниот уште се занимава со музика, а другиот доживеа трагична судбина: Каде се денес момците од групата „Kris Kross“? (ВИДЕО)

Едниот уште се занимава со музика, а другиот доживеа трагична судбина: Каде се денес момците од групата „Kris Kross“? (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Kris Kross беше хит група во 90-тите, а еве што се случи со двете момчиња кои се прославија со рап песните...

Се сеќавате ли на групата Kris Kros, која на почетокот на 90-тите години ја запали рап сцената, иако ја сочинуваа момчиња од основно училиште? Едниот го уништи популарноста и во меѓувреме почина, а еве каде е денес другиот член од групата.

Момците се викаа Крис Кели и Крис Смит, и се запознале во прво одделение. Бил откриен нивниот музички талент и потпишале договор со издавачка куќа, уште кога имале 12 и 13 години.

Најголемиот хит кој сите кои растеле во 90-тите го паметат е песната „Jump“, со која момците го освоија светот. Продадена е во 4 милиони премероци, и стана прва рап песна која некогаш се нашла на листата на „Билборд“ на „100 најврели синглови“, каде се задржа дури 8 недели.


Момците под своја закрила ги зема и Мајкл Џексон и ги однесе со себе на светска турнеја, а се појавија и во спотот за песната „Jam“. Момците гостуваа и во спотовите на групите „Run DMC“ и „TLC“, добија и своја видеоигра, снимаа реклами... Вторниот албум им достигна платинест тираж, а третиот златен.

Момците, кои ги добија прекарите Мек Деди и Деди Мек, со текот на времето се разделија. На почетокот на 21-от век, го снимија и четвртиот албум, кој никогаш не ја здогледа светлината на денот. Популарноста на Крис Кели му донесе и демони.

Кон крајот на април 2013 година, Крис Кели беше пронајден без свест во својот дом во Атланта. Итно бил префрлен во болница, но починал на 1 мај. Утврдено е дека во системот имал и хероин и кокаин, како и вистински коктел лекови, а истрагата утврдила дека повеќе пати се обидувал да се излече од зависноста. Кога го пуштале од установите за лекување, се предозирал во првата прилика. Имаше само 34 кога почина.

Крис Смит и понатаму живее во Атланта и се занимава со музика и уметност, а еве како изгледа денес.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: