Едно стори на Инстаграм откри повеќе од очекуваното: Кендал Џенер е повторно во врска?

Едно стори на Инстаграм откри повеќе од очекуваното: Кендал Џенер е повторно во врска?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Обожавателите на оваа позната двојка се пресреќни...

Сега наводно извор близок на оваа позната двојка потврди дека Кендал Џенер и Девин Брукер повеќе не се заедно, по две години врска. Но, објавата која ја сподели Кендал на Инстаграм не упатува на тоа дека тие повеќе не се заедно.

Кендал објави стори на својот Инстаграм профил во кое покажува како ужива на одмор. Но, на сторите не беше само таа, туку и нејзиното, наводно, поранешно/сегашно момче. И повеќе е од очигледно дека повторно уживаат заедно, а тоа можеби значи и дека повторно се во врска. Со оглед на тоа што неодамна се разделија, помеѓу нив не се случи некоја кавга, така што немаше драма, а со самото тоа останаа во пријателски односи.

Токму поради тоа не може точно да се процени дали се повторно заедно или не, но неодамна извор близок на Кендал, за „E! News“ потврди дека двојката одлучила да се смири и дека се повторно заедно.

Со оглед на тоа што нивната двегодишна врска беше потполно мирна и без никакви драми, а и крајот дојде во пријателски тон, најверојатно се повторно заедно, бидејќи е и повеќе од очигледно дека навистина уживаат. Освен тоа, можеби само им требало време да замислат за нивниот однос и на крајот да заклучат дека сепак припаѓаат еден на друг.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: