Едукативна порака за Денот на македонскиот јазик: Наставникот Гоце од Прилеп со своите ученици на креативен начин испрати моќна порака (ФОТО)

Едукативна порака за Денот на македонскиот јазик: Наставникот Гоце од Прилеп со своите ученици на креативен начин испрати моќна порака (ФОТО)

Објавена во: Совети // School zone

Иницијатива за секоја пофалба...

По повод Денот на македонскиот јазик – 5 мај, наставникот Гоце Бумбароски од Прилеп, на профилите на социјалните мрежи сподели една едукативна фотографија. Главната улога ја имаат неговите ученици, кои во своите раце држат транспаренти, преку кои инспраќаат порака која секој Македонец треба добро да ја прочита.

„Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот соговорник. Во него има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на едне човек. Затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови, сите народни мисли, чувства и желби со кои што има живеено и живее еден народ, кои што се предаваат како што нешто свето, од едно поколение на друго.“ - ова е пораката која ја испратија учениците.

Последната фотографија во колажот е од самиот наставник, кој што во рацете држи транспарент на кој пишува - „Македонски јазик - мојот корен, мојата душа, моето јас“.


Оваа иницијатива на наставникот Гоце наиде на многу позитивни коментари, а фото колажот од него и неговите ученици собра безброј лајкови.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: