Едвај ја препознаа: Во ова издание ретко ја гледаме познатата актерка
Холивудската актерка е видена во издание во кое ретко ја среќаваме.
Дакота Џонсон, позната по улогата Анастасија Стил од „Педесет нијанси на сиво“ и сцените кои ги сним исо Џејми Дорнан, „уловена“ е во издание во кое не ја гледаме често.
Папараците ја фотографираа во лежерно издание додека се враќала од шопинг.
Актерката на фотографиите има бел дуксер, длабоки зелени панталони, а носеше и црна капа, па многумина не ја препознаа, бидејќи ретки се случаите кога актерката можеме да видиме во секојдневно издание. Исто така, Дакота е ненашминкана, носи ретро наочари за гледање, а косата и изгледаше опуштено.