Ексклузивни фотки од Леонардо ди Каприо и Џиџи Хадид: За првпат „уловени“ заедно како разменуваат нежности
фото:profimedia/instagram
Леонардо ди Каприо неодамна се раздели со долгогодишната девојка Камила Мороне по четири години врска, а целиот свет брмчеше за фактот дека тој ја оставил како и секоја друга девојка веднаш штом ќе наполни 25 години.
Наводно, истото важело за сите негови раскинувања - не сака семејство и затоа не сака да се „плетка“ со повозрасни девојки од 25 години, но изгледа работите се смениле.
Леонардо ди Каприо можеби нема да биде сингл уште долго. Оскаровецот (47) и 20 години помладата манекенка Џиџи Хадид (27) се дружеле во Њујорк, велат извори за People, а сега конечно објавени се и први фотки од потенцијалниот пар.
- Биле видени како се дружат со различни групи луѓе, а на една забава се „уловени“ како разменуваат нежности и се доста блиски.
Ексклузивните фотографии можете да ги погледнете ОВДЕ!
ФОТО:BACKGRID