Експертите одлучија: Ова е најпопуларната фризура за oваа есен - на сите им стои убаво и лесно се одржува
Секоја сезона носи нови трендови, а најмодерната фризура за есен е нејзиното величество - бобот
Некој еднаш рече дека во модата треба само да бидете трпеливи бидејќи порано или подоцна сè ќе се врати на голема врата. Исто е и за убавината. Најмодерна фризура за есен е повторно бобот.
Велат дека бобот е единствената фризура која на сите им стои убаво – без разлика колку години имате и без разлика на стилот на облекување што го негувате.
Бобот има неколку варијанти, елегантен е и лесен за одржување, па не чуди што е избор на многу познати дами. Го носат и холивудските актерки и познатите ѕвезди како Камерон Дијаз и Винона Рајдер, но и дамите од домашната јавна сцена.
Сепак, експертите не советуваат оваа есен да го носиме бобот од деведесеттите - тоа е малку пократка верзија на оваа популарна фризура. Најдолгиот дел стигнува до брадата, а краевите може да се исечат право (во деведесеттите беа актуелни светлите слоеви).
Бобот е најмодерната фризура за есен бидејќи е идеално решение за оштетените врвови после сонцето и морето, а одличен избор е и доколку сте „зрели“ за промена.
Извор: www.story.rs