Експертите предупредуваат: На интернет се шири лажен тест за откривање на коронавирус

Експертите предупредуваат: На интернет се шири лажен тест за откривање на коронавирус

Не верувајте на сѐ што ќе прочитате на интернет...

Неодамна на интернет се појави домашен тест за кој се тврди дека може да ви помогне за итно да делувате доколку се сомневате дека имате коронавирус, како и да укаже на белодробна фиброза.

„Тајванските експерти советуваат да направите едноставен тест секое утро. Длабоко да земете воздух и да го задржите повеќе од 10 секунди. Доколку можете да го држите воздухот толку долго без да се закашлате или да добиете потешкотии во дишењето, без анкциозност и тежина на белите дробови, значи дека немате белодробна фриброза, што во основа значи дека немате инфекција“ - наведено е во тестот.

Многу светски медиуми ја пренесоа оваа вест наведувајќи дека овој совет го дале јапонските доктори и тајванските експерти, а откако се прошири на интернет се огласија и експеритите од медицината.

Здравствените експерти, Светската здравствена организација и Универзитетот Станфорд го отфрлија ова тврдење, но корисниците на социјалните мрежи и понатаму ги споделуваат овие неточни информации.

„Многу дезинформации за симптомите на вирусот COVID-19 и третманите за лечење, кои лажно се препишуваат на Универзитетот Станфорд, со денови кружат на социјалните мрежи и се проследуваат преку е-маил пораки. Официјалните информации од Станфорд се достапни на сајтот: https://healthalerts.stanford.edu/ - пишува на официјалниот Твитер профил на Универзитетот.

Освен ова, во рамките на објавата во која се советува дека можете да направите домашен тест за откривање на коронавирусот, наведено е дека пиењето вода на 15 минути може да го убие вирусот.

„Иако е хидрирачки, односно конзумирањето вода е многу важно за севкупното здравје, таа не може да ја спречи инфекцијата коронавирус“ - соопшти Светската здравствена организација на Филипини (World Health Organization Philippines).

„Многу заболување, покрај коронавирусот, би можеле да доведат до отежнато дишење, вклучувајќи ја астмата, анкциозноста или кардиоваскуларните болести“ - изјави доктор Грегори Поланд, научник кој работи на вакцината во познатата клиника „Мајо“ во Минесота.

Можеби ќе ве интересира: