Ема Вотсон е уловена со поранешното момче во Лас Вегас: Дали ја обновија старата романса? (ФОТО)
Каде има чад, има и оган...
Ема Вотсон очигледно се има смирено со старата љубов. Како поинаку да се објасни дружењето со Брендан Валас на концертот на Тејлор Свифт во Лас Вегас?
Кога си ѕвезда не е лесно да ја сочуваш приватноста, па така еден обожавател на Ема ги фотографираше неа и Брендан додека танцуваат и се забавуваат, а сето тоа беше објавено на Твитер профилот посветен на актерката која ја засакавме во Хари Потер.
Факт е дека на фотографијата и видеото нема ништо шот би можело да докаже обновување на романсата, но исто така не е баш вообичаено своето слободно време да го поминете со поранешната љубов. Така што, американските таблоиди веќе пишуваат за обновување на романсата.
Ема и Брендан беа во врска во 2018 година, кога папараците ги уловија на одмор во Мексико, како разменуваат нежности. Врската им траеше само една година. Брендан е бизнисмен. Кариерата ја започнал како аналитичар на недвижнини во „Goldman Sachs“. Денес е ко-основач и инвестициски партнер во успешни компании.
фото: Принтскрин / Инстаграм