Емотивно: Прошталната порака на една девојка пред нејзината смрт допре илјадници луѓе

Емотивно: Прошталната порака на една девојка пред нејзината смрт допре илјадници луѓе

Објавена во: Совети // Семејство


Прошталната порака на една девојка пред нејзината смрт стана вирална и допре до срцата на илјадници луѓе.

Даниела се соочи со редок, агресивен рак познат како холангиокарцином. Овој рак, кој започна во нејзините жолчни канали, беше надвор од нејзината контрола.

И покрај тоа, таа одлучи да сподели моќна порака за љубов и благодарност на LinkedIn.

„Иако не можеме да контролираме што ни се случува, можеме да контролираме како реагираме“, напиша таа.

Изрази благодарност за секој аспект од нејзиниот живот. Од семејството и пријателите до нејзиното куче Лео, Даниела наоѓала радост во сè. „Го сакав својот живот“, изјави таа, покажувајќи ја својата благодарност и љубов до сите кои ја опкружуваат.

Нејзиното збогување ги инспирираше другите да ги ценат едноставните моменти во животот. „Уживајте во малите нешта во животот и ценете го секој момент! Романтизирај си го животот!“ советуваше Даниела, ширејќи ја својата порака за позитивност и радост.

Таа им се заблагодари на своите најблиски за нивната улога во нејзиниот волшебен живот. Таа сподели трогателен цитат од Вини Пу: „Ако некогаш има утре кога не сме заедно, има нешто што секогаш треба да го запомните. Похрабри сте отколку што верувате, посилни отколку што изгледате и попаметни отколку што мислите. Но, најважно е, дури и да сме разделени … Јас секогаш ќе бидам со тебе“.

Зборовите на Даниела кон нејзиниот вереник Том беа особено трогателни. „Те сакам и секогаш ќе те сакам. Ти благодарам што ме поддржуваш и што внесе толку многу љубов и среќа во мојот живот. Оди уживај во животот сега, го заслужуваш тоа“.

Приказната на Даниела е како потсетник дека Бог ни дава сила да се соочиме со секој предизвик со благодарност. Прославувајќи го Неговиот дар на живот, наоѓаме радост и цел во секој момент.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: