Емотивно се заблагодари на Михаел што му го исполни сонот: Синот на Шумахер официјално во Формула 1

Емотивно се заблагодари на Михаел што му го исполни сонот: Синот на Шумахер официјално во Формула 1

На официјалната страница на натпреварувањето е објавено дека 21 - годишниот Мик потпишал договор со Хас за следната сезона...

Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер ќе дебатира во Формула 1 следната сезона. Оваа информација ја потврдија и Формула 1 со информацијата дека наследникот на Шумахер потпишал за Хас и дека следната сезона ќе вози за американскиот тим.

Синот на Шумахер требало да дебатира оваа сезона, се спомнуваше и можноста да вози за Алфа Ромео, каде возеше и како тест возач, но на крајот не дојде до тоа и Мик остана во формула 2, каде по 11 трки е на лидерската позиција со 205 поени, 14 повеќе од Калум Илот, кој е на второто место.

„Фактот дека следната година ќе бидам член на Формула 1 ме прави неверојатен среќен и останувам без зборови. Би сакал да му се заблагодарам на тимот на Хас, Ферари и возачката академија на Ферари за укажаната доверба.“

Мик не ги заборави ниту своите родители, Михаел и Корин, за кои вели дека им должи сѐ.

„Исто така, сакам да ја искажам целата своја љубов кон родителите, знам дека им должам сѐ. Отсекогаш верував дека ќе го остварам својот сон за Формула 1.“

Ги поздрави и навивачите кои го поддржуваат за време на целата негова кариера.

„Огромна благодарност и до сите прекрасни љубители на мото - спортовите кои ме поддржуваат во кариерата. Ќе дадам сѐ од себе, како и секогаш и се радувам што заедно ќе чекориме низ ова патување“ - кажа Мик Шумахер.



Можеби ќе ве интересира: