Есента од перспектива на ѕвездичките: Кои есенски трендови ги „фураат“?

Есента од перспектива на ѕвездичките: Кои есенски трендови ги „фураат“?

Објавена во: Мода // In and Out

Есента слободно можеме да кажеме дека е омилено годишно време на сите вљубеници во модата. Слоевитата облека и комбинирањето на многу модни парчиња е една од клучните работи за тоа.

Секој од своја перспектива, секој на различен начин, ни доближи по еден свој омилен есенски тренд. Освен инфлуенсерките и трендесетерките, тука голема улогаа одиграа и познатите ѕвезди. 

Младите ѕвездички, Антониа, Лина, Мартина и Ања се само едни од нив, а нивните омилени есенски трендови може да ги погледнете во продолжение:

# Антониа Гиговска

Пејачката оваа есен некако се почесто се појавува во опуштени изданија. На нејзиниот Инстаграм профил преовладуваат фотографиите на кои таа позира во тренди тренерки, а мора да признаеме дека слично вакво издание може да забележиме и кај тинејџерките низ улиците.

 

# Лина Пејовска

Кога оваа есен е во  прашање, Лина се одлучи за поедноставни изданија. Фустанот од брендот „Guess“, кој одлично го исфура пејачката е идеален за сите оние девојки, кои сакаат за брзо да бидат готови за следното излегување. Маслинестата боја и ситните портокалови детали потсетуваат на есен, а во комбинација со интересни обувки ќе изгледате одлично.


# Мартија Станојковиќ

Есенското издание на Мартија е одлична инспирација за сите млади девојки. Таа оваа есен го привлекува слоевитото облекува и на себе има повеќе модни парчиња, кои заокружуваат една целина. Аксесоарите никако не изостанаа, а златниот часовник - кој е апсолутен тренд оваа есен - одлично ја разигрува оваа есенска комбинација.


# Ања Ветерова

Нејзиниот Инстаграм профил веќе почнува да се полни со фотографии кои се посветени на есента. Капутот кој е апсолутен хит оваа есен беспрекорно и стои на Ања, која одлично го искомбинира со чизми на високи потпетици, хулахопки со интересен дезен и едноставна црна ролка.


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: