Ешли Тисдејл започна ТикТок тренд: Кои ѕвезди од „High School Musical“ се приклучија?
Ешли Тисдејл и во изолација продолжува да го прави она што и оди најдобро: ТикТок видеа. Актерката задолжително ја следи апликацијата и постојано споделува нови видеа, пресоздавајќи стари сцени од филмот „High School Musical“, но оваа најновата се одвојува од сите, бидејќи кон истата се приклучија и другите ѕвезди и тинејџерскиот хит.
Сега веќе 34- годишната актерка ги потсети сите дека „Сите сме заедно во ова“ и сподели видео во кое ја изведува кореографијата од последната сцена првиот дел од филмот.
„Доколку ти требаат вежби додека сте во #самоизолација, пробајте го ова“ - напиша таа, а потоа додаде: „Се надевам дека ова малку ќе ви го осветли денот!“.
Секако и другите ѕвезди од филмот се приклучија кон оваа иницијатива, помеѓу кои се Ванеса Хаџенс, Барт Џонсон и Кејси Строх.