„Еуфорија“ никогаш повеќе нема да биде иста: Еден главен лик заминува засекогаш (ФОТО)
Актерката најави дека нема да се појави во новата сезона, ниту во било која следна...
Секогаш се нервираме кога во сериите ќе исчезне некој од главните ликови. Без разлика дали го сакаш тој лик или не, секој од нив дава нешто на приказната и се чувствува кога ќе го нема. Сигурно на многумина ќе им недостасува и оваа актерка во новите епизоди на „Еуфорија“.
И додека сите ја чекаме новата епизода од „Еуфорија“, пристигна едно тажно известување. Еден лик засекогаш заминува. Иако по приказната во последната сезона тоа не беше навестено, актерката објави на Инстаграм дека по 4 години завршила со оваа серија и со својот лик. Ќе ја изгубиме Кат. Барби Фереира која го играше овој лик најави дека нема враќање и дека тоа е тоа за неа. Иако нејзината приказна во серијата не доби толкаво внимание како другите, обожавателите очекуваа дека тоа ќе се промени во третата сезона.
Призна дека е тажна што мора да се прости со Кат, бидејќи тој лик ѝ станал навистина драг и посебен, како и на сите нас. Зошто заминува, дали тоа е нејзина одлука или на продуцентите на серијата, не кажа, но постојат можни објаснувања. Тука е можноста за сама да ја донела оваа одлука поради некои нови проекти, но и дека за тоа е виновна кавгата која се случила помеѓу неа и креаторот на серијата Сем Левинсон.
Резултат на кавгата било тоа што Сем ги намалил нејзините појавувања во серијата уште во втората сезона. Кат требало да добие повеќе простор за својата приказна, но поради проблемите помеѓу нив, тоа ѝ го одземале. Поради ова, некои обожаватели веруваат дека тоа е и причината поради која Барби заминува. Која и да е причината, на сите ќе им недостасува.
фото: Принтскрин / Imdb