„Еве како го загубив мојот син кој многу играше видео игри“: Татко ги предупредува родителите (ФОТО)

„Еве како го загубив мојот син кој многу играше видео игри“: Татко ги предупредува родителите (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Две недели пред неговата смрт, Луис му се пожалил на својот татко дека не е добро.

Ожалостен татко ги предупредува родителите да бидат внимателни откако неговиот 24-годишен син Луис починал од играње видео игри за време на пандемијата на коронавирус.

Таткото Стенли Грининг е во длабока тага откако го загуби својот 24-годишен син. Неговиот син, Луис О'Нил, почина од состојба позната како венска тромбоза (ДВТ). Сепак, причината за смртта не била поради претходна болест или состојба - Луис бил здрав млад човек.

Неговиот татко, Стенли, рече дека ДВТ била предизвикана од поминување премногу часови играјќи видео игри откако неговиот син го изгубил работното место поради коронавирусот.

Во 2020 година, Стенли напишал на Фејсбук: „Се случи нешто страшно, најлошото можно нешто за толку млад човек и незамисливо за ниеден родител. Мојот син, моето драго момче, Луис, почина. Тој не умре од вирусот, туку умре поради него. Неговиот млад живот штотуку започна, тој сè уште се обидуваше да го најде својот пат, а сега го нема. Јас живеам во пеколот откако тоа се случи“.

Неговиот син почнал прекумерно да игра игри за време на пандемијата

Таткото рече дека неговиот син почнал прекумерно да игра игри откако ја изгубил работата поради пандемијата. Таткото верува дека пандемијата е единствената причина за смртта на неговиот син.

Луис наводно почнал да живее во светот на игрите: „Зафатен во виртуелниот свет, тој стана помалку активен физички. Поминаа часови додека тој играше, а и јас сам го правев тоа. Но, никој, апсолутно никој, никогаш не можеше да предвиди згрутчување на крвта. И само така, син ми исчезна, а јас умрев заедно со него“.

Длабоката венска тромбоза, од која почина Луис, често е резултат на повреда, компликации од операција или проблеми со лекови. Меѓутоа, понекогаш тоа може да биде предизвикано и од долготрајна неактивност, бидејќи тогаш крвта помалку се движи низ телото и повеќе останува во нозете и другите екстремитети. Токму тоа му се случи на Луис. Неговиот татко рекол дека виртуелниот свет му давал утеха од реалноста, која станала многу тешка. Неговите пријатели беа онлајн и тој можеше да разговара со нив - уживаше во игрите.

Таткото додаде: „Ќе минеа часови, не можев да кажам колку долго беше на компјутерот“. Имаше моменти кога стануваше сабајле и одеше во кујна на појадок, а веќе беше буден и сфаќав дека не ни отишол да спие. Седеше цел ден“.


Играше видео игри 6-7 часа на ден

Луис, според проценките на татко му, играл игри по 6-7 часа на ден, рекол дека му се променило расположението и дека исто така се здебелил.

Подоцна стана сè потешко да прави нешто друго освен да игра. Стенли додаде: „Го убедував да излезе со сестра му. Неколку пати отишол во продавница, но и тоа престанало. Не можев да го убедам да излезе. Се обидував, но тој само се нервираше. Ми рече да го оставам на мира“.

Две недели пред неговата смрт, Луис му се пожалил на својот татко дека не е добро. Неговиот татко му помогнал да легне, а Луис само се онесвестил. Тогаш таткото се јавил на 911, каде му рекле дека најверојатно се работи за труење со храна, иако Луис се пожалил дека го боли ногата.

Симптомите навидум исчезнаа. Но, по две недели мајка му го нашла наведнат над скалите. Таа му помогнала да стигне до неговата соба, а тој го прашал татко му што се случува со него.

Брзата помош набрзо пристигнала, но веќе било доцна - Луис починал.

Сега татко му нема да дозволи неговата смрт да биде залудна. Тој рече:

„Можевме да го спречиме ова ако знаевме дека е толку голем проблем. Подоцна открив дека истото им се случило на многу други за време на карантинот. Не знаев дека ДВТ ги погодува и младите. Се повеќе од нас работат од дома, па можно е и вие да не се движите. Станете, одете и опоменете ги вашите деца. Ако можам да спречам само една загуба на дете во име на мојот син, тогаш тоа ќе биде една светлина што ќе свети за него. Стани, за Луис“.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: