Еве што прави Џеф Безос секој ден! Спие многу повеќе отколку што мислите

Еве што прави Џеф Безос секој ден! Спие многу повеќе отколку што мислите

Објавена во: Живот // Живот

Нема шанси да не знаете кој е Џеф Безос, сопственикот и основач на „Amazon“, моментално најбогатиот човек на светот. Неговото богатство моментално достигна до 200 милијарди долари!!!

Многу луѓе сакаат да бидат богати и да најдат начин до успехот, па заради тоа Безос секојдневно добива безброј прашања на оваа тема, каде луѓето го прашуваат како и што треба да направат за да станат богати.

Безос не коментираше многу за тоа какви бизнис плановите треба да бидат и што се добри и лоши идеи, туку на своите фанови им откри што прави секој ден и како му поминува еден вообичаен ден.

Одлучивме да ја споделиме оваа приказна со вас, со надеж дека тоа ќе ви помогне и ќе ви укаже како своето време да го организирате според најбогатиот човек на светот.

1.Секое утро тој се буди природно, без аларми, бидејќи сака да му допушти на телото да се одмори колку треба и тоа самото да се разбуди.

2.Штом стане, појадува здрав оброк заедно со својата жена и децата. Се труди тоа да е секогаш различно и да јаде што повеќе овошје и зеленчук.

3. Никогаш не закажува утрински состаноци, бидејќи секое утро сака да го поминува со децата.

4. Околу пладне ги закажува своите состаноци и се труди тие да не вклучуваат многу луѓе, а истото важи и за текот на целиот ден.

5. После состаноците, заминува на ручек и обично јаде нови и гурмански оброци, бидејќи сака да експириментира со храната. Еднаш дури колегите го виделе како на работа јаде печена игуана.

6. Во периодот после 17 часот, своето време го ослободува и тогаш се одмара со пријателите и семејството и обично тоа го прави во природа или во некој опуштен и мирен амбиент.

7. После краткиот одмор, тој заминува во теретана каде тренира, бидејќи смета дека во здравото тело лежи здрав дух.

8. После тренингот, заминува дома, каде остатокот од денот го минува опуштено, а потоа заминува во кревет порано, бидејќи вели дека мора да има минимум 8 часови сон.

Безос тврди дека добро испланираната рутина е клучот за успехот на секој маж, па затоа направете план, ако го немате и трудете се да го почитувате и сигурни сме дека ќе достигнете многу повеќе успех во вашите секојдневни активности.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: