ХОРОСКОП: ЕВЕ ШТО ВИ НОСИ ПОСЛЕДНИОТ ВИКЕНД ОД 2022 ГОДИНА
Овен
Викендот би можел да ви донесе позитивни случувања. Она што е поважно од тоа е дека ќе се чувствувате добро, бидејќи конечно во својата глава ги решивте работите кои ве кршеа. Најдобро е да прифатите дека на некои работи не може да влијаете. Вечерните часови се резервирани за забава и дружби со пријателите.
Бик
Викендот би можел да биде турболентен, кога се во прашање љубовните односи. Не впуштајте се и оддалечете се од непотребни расправии кои би можеле да ви создадат главоболки. Посветете се на себе, како и на обврските кои ги немате завршено во текот на неделата. Да влезете во Новата година со завршени обврски и со нови сили за нови предизвици.
Близнаци
Имате збрка во главата и не знаете за што попрво да размислувате и од кој проблем да почнете за да го решите. Едноставно окупирајте се со нешто што ве прави среќни и нешто што ќе направи накратко да заборавите на сите обврски. Изгледајте некоја комедија, дишете длабоко, одморете убаво, со добра организација ќе ги завршите сите обврски пред Нова година.
Рак
Ѕвездите имаат нагласување на љубовта, што значи дека ќе поминете убави денови и моменти со саканата личност. Тоа е она што најчесто и ви недостасува, бидејќи поради многуте обврски, немате често такви моменти. Уживајте.
Лав
Викендот ќе ви помине онака како што ќе сакате. Би требало ова да биде еден убав викенд, поминат во друштво на една личност која ви подарува многу внимание. Тоа ќе ви годи и ќе сакате повеќе од пријателски однос со неа.
Девица
Викендот ќе ги исполни вашите очекувања. Секако позитивните. Ве чека убав викенд и дружба со вашите драги луѓе и секако саканата личност. Ќе имате доволно време и за одмор. Ништо неочекувано не би требало да се случи.
Вага
Последниот викенд од оваа 2022 година за вас нема да помине во добро расположение, бидејќи постојат работи кои ве мачат и за кои нема со кој да зборувате. Но, обидете се да најдете некој, бидејќи ќе почувствувате големо олеснување. Можеби ќе наидете на разбирање и добар совет.