ФАКТ НА ДЕНОТ: Чоколадото прво било напивка
Млечното чоколадо е изум на Даниел Петер, кој формулата му ја продал на соседот Хенри Нестле.
Станува збор за десерт кој се добива со мешање на одредено количество какао со помала или поголема колиќина шеќер. Името чоколадото потекнува од зборот xocoati (xoco што значи горчливо и ati што значи вода) и потекнува од времето кога чоколадото се пиело како напивка.