ФАКТ НА ДЕНОТ: Кaде се наоѓа најкривата улица на светот?

ФАКТ НА ДЕНОТ: Кaде се наоѓа најкривата улица на светот?

„Lombard Street“ во американскиот град Сан Франциско не е само најкривата улица во светот, туку е и една од најубавите. Се наоѓа помеѓу улиците „Hyde“ и „Leavenworth“ и изгледа многу невообичаено. Всушност, колку и чудно да звучи, нејзините осум остри кривини на само една делница се создадени за да ја направат побезбедна. Идејата е да се избегне премногу брзото возење на автомобилите по високиот рид закосен за 27 степени.Кривините се во должиба од околу 400 метри. Улицата е еднонасочна, а дозволената брзина е 8 километри на час. Ваквиот лик улицата го добила во 1922 година и од тогаш таа е една од најпознатите улици во светот, интересна како за туристите, така и за несигурните возачи.


Можеби ќе ве интересира: