ФАКТ НА ДЕНОТ: Како настанала книгата „Хари Потер и каменот на мудроста“?
Ј.К. Роулинг ја завршила „Хари Потер и каменот на мудроста“ во 1995 година. Нејзиниот агент ја испратил скриптата кај дванаесет издавачи. Сите до еден ја одбиле. Една година подоцна, книгата била одобрена од уредникот Бери Канингхем од Bloomsbury, издавачка куќа во Лондон. Иако се согласиле да ја издадат книгата, Канингхем ја советувал Роулинг да си најде друга работа бидејќи мала е шансата да заработи пари пишувајќи книги за деца.