ФАКТ НА ДЕНОТ: Постојат ли различни солзи?
Постојат ли различни солзи? - Да, постојат повеќе видови солзи.
Еден вид солзи се оние кои постојано ги облеваат очите и служат за одржување на нивната влажност, нивното хранење и заштита. Вториот вид на солзи се рефлексните солзи, оние кои ги штитат очите од иритантните надразнувања, како што се оние солзи кои ги пуштаме при ветер, чад или остар мисрис. Овие два типа солзи имаат различен хемиски состав.Третиот вид солзи се емоционалните солзи. Едно истражување открило дека овие солзи содржат повеќе протеини отколку останатите два типа, но науката е се` уште далеку од заклучок по ова прашање.