ФАКТ НА ДЕНОТ: Зошто нè чеша убодот од комарец?
Само женските комарци „касаат“ луѓе, бидејќи тие се хранат со крв. За разлика од нив, машките комарци најчесто се хранат со растителни сокови.
Со помош на тенко долго рило женските комарци ја пробиваат човечката кожа и цицаат крв. Но, додека цицаат, тие на нашата кожа оставаат дел од нивната плунка која содржи протеини чијашто цел е да го спречи засирувањето на крвта. Имуниот систем реагира на тие протеини и како резултат на тоа, местото околу убодот поцрвенува и потекува, а се појавува и чешање.