Фановите не се сложија со него: Даниел Редклиф откри кој му е омилен Хари Потер филм
Негов фаворит е едно продолжение од кое фановите не беа премногу воодушевени.
Нема личност која е повеќе класифицирана за да одбере најдобар Хари Потер филм од самиот Хари Потер. Даниел Редклиф, актерот кој го оживеа малиот волшебник и беше активен сите 10 години, колку што се снимаа филмовите, секако има свој фаворит помеѓу продолженијата. Неодамна за првпат ја откри таа информација и малку ги разочара обожавателите бидејќи одбра еден од оние кои на луѓето не им е омилен.
Во интервју за Wired откри: „Го сакам последниот, но и навистина многу го сакам петтото продолжение, што како што сфатив на луѓето не им е многу омилен. Јас го сакам поради односот помеѓу Хари и Сириус и во тој филм има многу сцени со Гери Олдман.“
Освен тоа, Даниел откри дека причината зошто петтото продолжение му е најдраго, најверојатно има врска со искуството на самото снимање. Откри дека на снимањето на ова продолжение многу добро си поминал и му било подобро отколку на снимањата на било кој друг дел од приказната за Хари Потер.
„Хари Потер и црвениот феникс“ е втор најлошо оценет Хари Потер филм на Imdb, а полош од него е „Хари Потер и одајата на тајните“.