Фановите се збунети: Ед тајно се ожени?!
Како што наведуваат американските медиуми, најверојатно пејачот Ed Sheeran и неговата поубава половина, Cherry Seaborn, тајно се венчале.
Имено, извор близок на пејачот вели дека парот го кажал судбоносното „ДА“ неколку дена пред Божиќ. „Венчавката беше мала, само неколку пријатели, семејството и свештеник. Ed не сакаше да прави „галама“ и сакаше венчавањето да биде интимно“ - рече изворот.
Ed во јануари минатата година ја запроси Cherry.