„Фаворито“ ни е фаворит од нашите песни: Интервју со атрактивните девојки од „Hurricane“
Уште кога се појавија на сцената во 2017 година, навестија дека ќе бидат посебни! Прво снимаа песни на англиски јазик, а со нивната песна „Фаворито“ отпеана на српски јазик направија вистински музички бум. Сега истата таа песна има 88 милиони прегледи на Youtube, еквивалентно на прегледите од песните кои ги има на пример Џенифер Лопез.
Името на групата Hurricane или Ураганки само ја потврди нивната доминација - како ураган со секоја наредна песна рушеа рекорди, не само во Србија, туку на целиот Балкан и пошироко. Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ се девојките кои како да се предодредени за светска слава - го имаат талентот, енергијата, убавината...
Нивната популарност ги однесе и на Евровизија во Холандија каде ја претставуваа Србија минатата година и беа едни од главните ѕвезди. Често имаат настапи во Македонија и презадоволни се од нашата публика. На повеќето од песните се потпишува нашиот најпознат хит- мејкер Дарко Димитров.
Ние направивме интервју со нив. Без проблем прифатија, а еве што ги прашавме и што ни одговорија:
# Што чекате уште? Предодредени сте за светска кариера! Имате ли некои најави, договори... Нешто што го очекуваме затоа што знаете колку публиката од Балканот ве сака! Дали и на Евровизија „паднаа“ некои зделки?
Како што знаете, не се откажуваме од нашите кариери надвор од Балканот, сакаме да снимаме и снимаме понатамошни песни на англиски. Понуди секогаш има, но додека не се официјализира, не смееме многу да открваме. Секако, желбата постои. И на Евровизија исто така имавме различни понуди, сè уште нон- стоп стигнуват...
# Кој е тајниот рецепт на вашите песни ... (бидејќи е тајна, не верувам дека би ни откриле) но еве поконкретно ... како секоја ваша песна станува голем хит?
Ха ха ха ти благодариме за тоа! Но, тоа може да биде повеќе прашање за нашите композитори. Ама во секој случај, секогаш работиме максимално посветено на секоја наша песна, се посветуваме буквално на секој детаљ и додека сите не сме сигурни во некоја песна дека Таа е таа вистиската, не ја „исфрламе“ на музичкиот пазар.
# А, која ваша песна ви е онака баш при срце и зошто?
Мораме да кажеме дека сме приврзани за секоја наша песна подеднакво затоа што секоја од нас ја асоцира на нешто, но ако треба да избираме една која би била фаворит... тоа е „Фаворито“ бидејќи е наша прва песна и во исто време не направи познати. Дополнително, можеби би можеле да ги ставиме и Hasta la Vista и Локо Локо затоа што настапивме со нив на Евровизија.
# Каква е Сања приватно, каква е Ксенија, а каква е Ивана? Каква е таа енергија што ве поврзува?
Уф, трите сме многу слични по енергија, и приватно и професионално и мислиме дека тоа е она што не поврзува и прави толку добро да функционираме. Сите три сме мнооооогу амбициозни, вредни, борбени и го сакаме сите тоа што правиме и создаваме.
Прво талент, а потоа да се биде амбициозен, голем труд... Да дадете сè од себе, да не се откажувате, да бидете посветени на тоа и да размислувате позитивно!
# Какви спомени имате од Македонија?
Феноменалниииии. Често имаме настапи кај вас и секогаш преубаво си поминуваме. Публиката е одлична, енергична, весела... сите се прекрасни секогаш. Често се случува да немаме време да останеме малку подолго во некој град во кој настапуваме, но Македонија е преубава.
# Можете ли да ни издвоите некоја интересна приказна за нешто што ви се случило, а било крајно смешно...
Ха ха ха ух ... не се срамиме често, но се случува да има некои смешни ситуации како зализгување и паѓање на сред аеродром, корсетот паднал на сред настап, а имало и паѓања на самата сцена ... додека не го видите сето тоа во живо, не можете да замислите колку се смешни ситуациите, но ги има ха ха ха.
# Што е потребно за љубов?
Почит, лојалност, грижа, пожртвуваност.
# Што ќе ви биде ново од вас?
Сè. Работиме на нови песни, можеби ќе има и нови дуети, ќе има и акустични верзии на песните што сме ги снимиле досега, настапуваме секој ден така што секогаш има акција!
Фото: Инстаграм
Небојша Толески