Фејсбук повторно „удри“ по Трамп: Сето тоа поради ширење на лаги за короната и децата
Популарната социјална мрежа Фејсбук отстрани видео на кое се гледа дека американскиот претседател Доналд Трамп зборува дека децата „се скоро па имуни на Ковид - 19“ со образложение дека со тоа се прекршени правилата на компанијата против ширење на дезинформации за коронавирусот.
„Тоа видео содржеше лажно тврдење за наводната имуност на одредена група луѓе на Ковид - 19, што е кршење на нашата политика насочена против ширењето на дезинформации за таа болест“ - објави потпаролот на Фејсбук.
Оваа е првпат некоја објава на Трамп да биде отстранета од социјалните мрежи поради дезинформации за коронавирусот. Твитер му забрани на изборниот штаб на претседателот Трамп да продолжи да споделува пораки на својот профил (@TeamTrump) додека не го повлече спорното видео.
„Таа порака ги крши прописите на Твитер за дезинформациите во врска со Ковид - 19. Сопственикот на профилот треба да ја повлече таа порака пред повторно да може да споделува“ - рече потпаролот на калифорниската група.
Изгледа дека изборниот штаб на Трамп се прилагоди на барањата на Твитер, бидејќи нивниот профил и повторно беше активиран, а видеото исчезна, наведува агенцијата France press.