Филип (10) и Анастасија (9) се заљубиле во болница: Смртта ги разделила, а тој ги чувал нејзините писма до последниот ден (ФОТО)
„Драг Филип, мојата љубов кон тебе не е како кон сите други. Не можам ни за момент да живеам без тебе! Кога не си таму, се кријам некаде и чекам да дојдеш“ - пишувало во едно од писмата кои Анастасија Трајковиќ од болничкиот кревет ѝ ги испраќала на својата прва, единствена и последна љубов. Анастасија повеќе ја нема. Кога починала имала само девет години. Филип Мркиќ, нејзината љубов, тогаш имал 10 години.
Анастасија и Филип не се запознале во среќни околности и безгрижно опкружување. Лежеле во креветите еден спроти друг на детското одделение за хематологија во Клиничкиот центар во Ниш.
Се заљубиле. Многу, најмногу на светот. Кога им било најтешко, спиеле заедно во кревет и си го чувале стравот еден на друг. Се држеле за раце и заљубено се гледале. Некогаш така го дочекувале утрото, некогаш поради болки, некогаш за да поминат време заедно.
Кога не можеле да бидат заедно, си пишувале. Тоа биле најубавите љубовни писма.
„Те сакам тебе, за тебе сонувам ден и ноќ. Како да си пристигнала од некоја приказна, сите мои соништа личат на тебе. Во тивката ноќ, додека срцето ти трепери, сети се на мене ангелу убав! Те сакам Анастасија“ - ѝ пишувал Филип од болницачката постела на својата голема љубов, додека докторите му вбризгувале хемотерапија низ тенките вени.
Заљубените деца ги делел само тесниот простор меѓу креветите. Сè беше стискано за да може да собере што повеќе кревети во собата за болните деца.
Тој тесен болнички простор често бил непремостлив за Анастасија и ФИлип, голем колку океан. Додека примале терапија, не смееле, ниту можеле да станат од кревет. Биле спречени да се погледнат. Не можеле да спијат во ист кревет, ниту да се држат за раце. Не можеле заедно да го надминуваат стравот.
Поради тоа си пишувале писма на листови хартија, искинати од тетратките за математика.
Љубовните писменца преку тесниот простор кој им изгледал поголем од океан, ги разнесувале како поштари нивните загрижени мајки.
„Анастасија, срцето ми чука како чекан, воздишката ми е како ветар, засекогаш ќе останеш во моето срце. Боже, спаси ја личноста која го чита ова. Дај ѝ мир и среќа. Дај ѝ сѐ што сака, сочувај ја од секое зло и, те молам, помогни ѝ секогаш кога твојата помош ќе ѝ биде потребна“ - пишувал Филип.
„Те сонувам како преубав принц и така ќе останеш во моето срце“ - му возраќала Анатасија во своите писма.
Само заљубеното срце може да почувствува загубата, а иако биле деца, тие двајца знаеле дека битката против злобната болест може да ја изгубат.
„Анастасија, розо моја, светиш како сонце на небото. Кога облаците те кријат, гледам во небото и плачан. Како ќе бидам без тебе?“ - ѝ напишал Филип во своето последно писмо.
Анатасија починала на 7 април 2014 година. Имала неполни 10 години. Филип, нејзинта љубов, починал пред шест месец во родниот Сврљиг, на три месеци пред полнолетството.
Помеѓу писмата кои ги сочувал имало и исушениливчиња од роза, кои малата Анатасија ги истурила на неговиот кревет кога поради болки бил префрлен во болничката амбуланта.
Анатасија и Филип, иако биле само деца, биле силно заљубени, најсилно на светот.
фото: Принтскрин / Фејсбук