Филм за неверојатното пријателство на човекот и кучето во дивините на Алјаска

Филм за неверојатното пријателство на човекот и кучето во дивините на Алјаска

Објавена во: Stars // Филм

Познатиот класик доби уште една филмска адаптација. Филмот „Повикот на дивината“ претставува најновата холивудска обработка на познатиот истоимен роман на авторот Џек Лондон. Од режисерот Крис Сандерс во февруари во кината пристигнува култната приказна „Повикот на дивината“ за човекот и кучето кои во време на Златната грозница на крајот од 19 - от век, се среќаваат и зближуваат во Јукон, Канада.


Бак е куче со големо срце чиј совршен живот се превртува наопаку. Одеднаш се сели од својот дом во Калифорнија и го носат во егзотичните дивини на Алјаска во времето на лов на богатство. Бак го вработуваат во екипата кучиња кои влечат санки за доставување пошта, а подоцна станува и лидер на тимот и ја доживува авантурата на својот живот и конечно го наоѓа својот мир кога ќе стане сам свој газда.

Во овој филм се користат врвни визуелни ефекти и технологија за анимација, за животните во филмот да бидат потполно реалистични и емоционално автентични ликови.

Откако главната улога во 1935 година беше доверена на тогашната холивудска ѕвезда Кларк Гејбл, а потоа во 2009 на помалку познатиот актер Кристофер Демпси, во најновата верзина на филмот во улогата на Џон Торнтон, човекот со големо искуство во ловот на богатство, ќе се најде Харисон Форд еден од омилените холивудски актери.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: