Филмот и музиката не и се доволни! Селена Гомез има ново занимање
Светски понатата актерка и пејачка Селена Гомез (27) одлучи да го следи светскиот тренд на сите успешни дами и да креира своја козметичка линија, а со тоа да си обезбеди уште поголеми приходи.
Станува збор за козметичка линија која вклучува парфеми, козметика, производи за нега на кожата и сапуни, а продукциската куќа на младата ѕвезда наводно пред еден месец поднела барање за пријава на логото за новата линија.
Инаку, Селена е се уште четвртата најплатена личност на Инстаграм, а медимите пишуваат дека од само една нејзина објава можат да се заработат и до три милиони долари.
Ова нема да биде првиот чекор кој ќе го направи младата пејачка во бизнис светот поврзан со модата.
Во 2011 година, Селена лансираше свој парфем, а соработуваше и со брендовите како што се „Puma" и „Coach" при дизајнирањето на облека, чевли и модни аксесоари.