Филмот кој требаше да биде супер, го окарактеризираа како промашување: Новата романтична комедија на Нетфликс разочара (ВИДЕО)
Звучеше супер, а сепак на крајот испадна губење на време...
Она кога филмот трае час и половина, а изгледа како да трае три часа. Тоа никако не е добро кога ќе се случи, но со ова многу гледачи се сложија дека токму тоа им се случило. „Здодевен“ е најчестиот збор со кој го опишуваат овој филм.
Нетфликс последниве денови ја обнови својата колекција на филмови и излегоа некои нови. Идеално време е за тоа, бидејќи е лето и немаме ништо попаметно за правење, отколку да гледаме филмови. Еден од филмовите кој ни падна во очи е новата тин романтична комедија која е создадена од продуцентите на филмот „To All The Boys I've Loved Before“. Со оглед на тоа што тие филмови беа супер, тоа беше доволна причина за многумина да му дадат шанса и на овој нов филм.
„Hello, Goodbye nad Everything in Between“ само што излезе, а веќе успеа да ги разочара гледачите. Станува збор за сладок филм кој следи двајца средношколци кои се вљубуваат еден во друг, но се договараат дека врската ќе им трае само до крајот на средното училиште. Кога ќе се запишат на факултет, секој ќе тргне на своја страна.
Филмот веќе го погледнаа многу луѓе и главната реакција која ја имаат е дека е здодевен толку што скоро па заспале. Нема смисла, здодевен, сценарио кое е предвидливо... се само некои од коментарите со кои го опишуваат оние кои го погледнале. Идејата за филмот е добра, но начинот на кој го реализирале е лош. Еден од гледачите напиша рецензија дека вообичаено е нормално кога гледаш ваков филм да навиваш за среќен крај и да се надеваш до последниот момент дека ликовите сепак ќе останат заедно, но како што вели, овде не се грижел дали останат заедно или не, немало хемија, а ниту ликовите не се такви што ќе те поттикнат да се заљубиш во нив.
Кога ќе се собере сѐ, оваа романтична комедија не беше успешна, што е голема штета, бидејќи беше можност за супер филм. Но сепак, ако ти е здодевно и ти треба некој филм да врти додека „скролаш“ на социјалните мрежи или додека се обидуваш да заспиеш, овој ќе ти биде одличен. Кој знае, можеби на тебе ќе ти биде сладок.
фото: Принтскрин / Imdb