Штотуку излезе и веќе е прогласен за најлош филм досега: Нетфликс со голема утка, и покрај одличната актерска екипа
Фото: Imdb/Screenshot
Иако изгледа добро и има одлична актерска екипа, всушност овој филм на „Нетфликс“ е нивниот најголем неуспех во последно време.
Трилерот за филмот „Spiderhead“ на почетокот звучи одлично и интересно. Во главната улога е Крис Хемсворт, а тука е и Мајлс Телер, и веднаш мислевме дека станува збор за добар филм, бидејќи дури и заплетот не звучи лошо.
Во блиска иднина, затворениците имаат можност да волонтираат во медицинските истражувања за да го скратат времето за издржување на казната. Еден таков волонтер е тестиран на нови апчиња чија функција е да ги контролираат емоциите, но работите излегуваат од контрола.
Иако филмот првично беше споредуван со „Black Mirror“, тие споредби брзо престанаа. Филмот е тука веќе неколку недели, а пристигнуваат милион критики од публиката. И тие не се добри. Ја има една од најлошите оценки досега! Плус, ова е најлошо оценетиот филм на Крис Хемсворт досега. Филмот е базиран на книга и очекувањата беа големи, но се чини дека не се исполнија. Можеше да се сними одличен филм, но шансата е пропуштена.
Тотално е предвидлив и затоа е досаден. Кога ќе почнете да го гледате, минутите изгледаат како часови, е толку е досаден, велат некои критики. Некои сепак се надеваа дека како што тече филмот ќе биде подобар, но и 40 минути подоцна, сепак ништо не се случува. Значи, на овој филм не вреди да се троши време.