Филмови кои ќе пристигнат до крајот на годината, а кои сите едвај ги чекаат: За овие 10 се верува дека ќе бидат големи хитови (ВИДЕО)

Филмови кои ќе пристигнат до крајот на годината, а кои сите едвај ги чекаат: За овие 10 се верува дека ќе бидат големи хитови (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Дали ќе ги оправдаат очекувањата или ќе ги разочараат обожавателите?

Оваа година веќе излегоа многу интересни филмови, а иако веќе помина повеќе од половина година, нѐ очекуваат уште многу добри филмски наслови. Луѓето се многу заинтереснирани за овие филмови кои допрва треба да излезат.

Што сѐ ќе биде објавено до крајот на оваа година? Ако сакаш да гледаш филмови и секогаш бараш некој нов кој би го гледал, тогаш оваа листа ќе ти биде од корист. Проверивме кои филмови треба да излезат до крајот на годината, а околу кои владее најголемо воодушевување. Кога ќе излезат, постојат две сценарија, или ќе го оправдаат возбудувањето кое настанало или ќе разочараат многумина. Во секој случај, едвај чекаме да бидат објавени и да ги гледаме! Овие наслови дефинитивно треба да ги запишеш неакде, бидејќи сме сигурни дека ќе сакаш да ги изгледаш.

# Pinocchio - 9 септември

Филмската адаптација на цртанот на Дизни излегува многу наскоро и тоа е првиот филм кој нетрпеливо го очекуваме. Дизни сѐ повеќе прави филмски адаптации на своите познати цртани, а ова е последната. Ако ја сакаш оваа приказна, сигурно ќе сакаш да ја изгледаш и нејзината филмска верзија.


# Don't Worry Darling - 23 септември

Подоцна во септември пристигнува и филмот кој обожавателите на Хари Стајлс го чекаат веќе долго врмее. Режисерка е неговата девојка, Оливија Вајлд, а Хари ја има една од главните улоги. Овој трилер/драма сигурно ќе биде хит во кината, бидејќи сите ќе сакаат да го погледнат филмот за кој толку многу се зборува.


# Blonde - 23 септември

На Нетфликс во септември пристигнува приказната за Мерлин Монро. Ако ја обработиле како што треба, ова би можело да биде навистина голем хит. Биографската драма ќе го прикаже приватниот живот на оваа голема холивудска дива, фокусирајќи се на нејзиниот живот во текот на 50-тите и 60-тите години од минатиот век.


# Ticket to Paradise - 21 октомври

Џулија Робертс и Џорџ Клуни глумат разведен брачен пар во оваа романтична комедија. Идеален женски филм. Откако нивната ќерка им се јавува дека се мажи за момче кое штотуку го запознала, тие двајца почнуваат да коваат планови за да ги разделат. Филмот сосема сигурно ќе биде забавен и идеален за опуштање.


# Hocus Pocus 2 - 2 октомври

Филмскиот хит од 1993 година конечно добива свое продолжение. Се враќаат оригиналните актери, што љубителите на овој филм сигурно ќе ги воодушеви. Три млади жени случајно ги враќаат сестрите Сандерсон во модерното време, а сега треба да најдат начин да ги спречат вештерките да создаваат апсолутен хаос.


# Amsterdam - 4 ноември

Овој филм има многу добра актерска постава што нема шанси да испадне лош. Мора да биде добар, бидејќи се сомневаме дека сите овие имиња би се согласиле да бидат дел од него. Кристијан Бејл, Маргот Роби, Рами Мален, Ања Тејлор-Џој, Тејлор Свифт и Роберт де Ниро се само некои од имињата кои ќе ги гледаме во овој филм. Идеален ќе биде за сите љубители на крими мистериите.


# Enola Holmes 2 - 4 ноември

Мили Боби Браун сигурно нема да ја пропуштиме во улогата на Енола Холмс. Првиот дел испадна одлично и симпатично, а истото го очекуваме и од вториот. Енола оди по стапките на својот брат - Шерлок Холмс, во настојувањето да стане еднакво добра детективна како и тој. И овој пат ќе биде на мисија, да пронаде исчезната девојка.


# Black Panther: Wakanda Forever - 11 ноември

По две години по трагичната смрт на главната ѕвезда од „Black Panter“, Чедвик Боусман, овој филм се враќа во кината. Иако нема да биде исто без него, поголемиот дел од старата актерска постава ќе се врати.


# Avatar: The Way of Water - 16 декември

Тешко е да се поверува, но оваа година повторно ќе го гледаме „Avatar“. Никој ни најмалку не се надеваше дека овој филм ќе добие продолжение, но со оглед на успехот кој го постигна, изгледа дека одлучиле да снимат уште еден. Но, дали ќе биде подеднакво добар? На некои овој филм им е супер, на некои жива досдаа, бидејќи трае скоро 3 часа, но е филм кој се запиша во историјата по својата популарност.


# Glass Onion: A Knives Out Mystery - не се знае точен датум

Кон крајот на оваа година пристигнува уште едно продолжение кое треба да го имаме на ум. Вториот дел од „Knives Out“. Оваа крими комедија со првиот дел ги оправда сите очекувања. Беше неверојатно забавна и до самиот крај беше неизвесно кој е навистина убиецот. Напната беше ситуацијата цело време, а ништо помалку не се очекува ни од новото продолжение.


фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: