Филмови кои секој тинејџер треба да ги погледне: Топ листа од 10 наслови

Филмови кои секој тинејџер треба да ги погледне: Топ листа од 10 наслови

Објавена во: Stars // Филм

Прецртајте ги оние што веќе сте ги виделе и на списокот ставете ги другите и започнете со гледање.

Има денови кога не ти се прави ништо друго, освен да лежиш во кревет и да гледаш филмови. За таквите денови, погледни ја оваа листа која секој тинејџер треба да ги погледне.

На сите понекогаш ни снемува идеја кој филм би можеле да го погледнете и не знаеме што да гледаме и потоа трошиме најмалку еден час додека да најдеме нешто, а на крајот истиот да се покаже како лош филм. Најинтересни филмови се токму оние со кои можеш да се поистоветуваш. Како е да се биде тинејџер денес, еден тон љубовни проблеми, проблеми на училиште, со родителите кои не те сфаќаат... филмовите кои се занимаваат со овие теми се они кои најмногу ќе го привлечат вниманието. А, што откако ќе ги изгледаш сите оние кои се актуелни и нови? Тогаш погледни ја оваа листа и започни да ги гледаш филмовите од неа. Станува збор за тинејџерски класици кои секој тинејџер треба да ги погледне, некои од нив излегоа минатата година, други пак се малку постари, а некои се нови, но сите се на оваа листа со причина.

# High School Musical


Малку пеење, малку љубовни проблеми, проблеми со пронаоѓањето на самиот себе, признанијата кои им ги даваш на пријателите дека се занимаваш со хоби, кое на нив можеби ќе им биде смешно.... Овој филм многу добро знае како е да се биде тинејџер/

# Love, Simon


Филмот го следи тинејџерот Сајмон кој се плаши на сите да им ја каже својата тајна. Оваа ситуација сигурно на некои ќе им биде позната и можеби ќе се исповетуваат.

# Sierra Burgess Is A Loser


Филмот е за девојката Сиера, која не е типична убавица, поради што е на мета на насилниците од своето средно училиште, девојка по име Вероника. Некако Сиера успева да го освои ликот кој го глуми Ноа, презгодниот фудбалер од другото училиште, но неочекувано се наоѓа во ситуација во која Вероника и помага да продолжи да го крие својот вистински идентитет. Овој филм има одличен среќен крај кој ќе ги растопи и најтврдите срца.

# Easy A


Нема полесен начин за сите да дознаат нешто во училиштето од озборувањата. Една средношколка се потпира токму на тоа за да ја поправи својата положба во училиштето.

# She's All That


Ова е типична средношколска романтична комедија. Станува збор за малку постар филм, од 90 - тите, во кој накратко станува збор за популарно момче кое се обложува дека ќе ја освои девојката е апсолутно непопуларна. Секако, во меѓувреме се случува ситуацијата да се промени и тој да се заљуби во неа.

# Bring It On


Станува збор за средношколска драма. Друштво навивачки остануваат без својата капитенка, која го менува училиштето, но и одлучила да ја укреде нивната танцувачка рутина која ја подготвувале за натпреварувањето. Што ќе смислат девојките и дали ќе успеат да смислат и да ја извежбаат кореографијата на време?

# 13 going on 30


Сите кои имаат 13 години сакаат да бидат повозрасни отколку што се. На девојката која е во филмот ќе и се случи тоа. Еден ден се буди во тело на 30 - годишна жен аи открива дека е уредничка на важно списание во Њујорк. Иако на почетокот и е супер нејзиниот нов живот, брзо почнува да сфаќа дека да се биде возрасна личност не е многу поедноставно отколку да се биде 13 - годишна девојка.

# 17 Again


Овој филм е тотална спротивност од претходниот филм. Човек во средни години е многу незадоволен од својот живот и еден ден ќе биде повторно како тинејџер. Добива можност да го поправи својот живот, но како и во филм, брзо му станува јасно дека не е толку лесно да биде тинејџер.

# The Sisterhood of the Traveling Pants


Замисли дека ти и твоите три пријателки ќе пронајдете панталони кои магично ќе стојат убаво на сите вас, иако имате различни облици на телото. Тиби, Лена, Кармен и Бриџет се екипата на која во овој филм и се случи тоа. Истите ги користат како врска да останат во контакт и откако животите ќе им започнат да се движат во различни насоки. 

# The Duff

Откако средношколката Бианка дозна дека таа е „DUFF“ помеѓу своите пријатели, што значи „Designated Ugly Fat Friend“ (грда дебела пријателка), таа е одлучна да направи се за да го промени прекарот и кој и даваат. Во желбата да го промени тоа, ќе се спријатели со Вес, момчето со кое си играле како деца, а кој сега е женкариште и популарен во училиштето. Меѓутоа, ќе сфати дека колку и да се труди, сите ние сме нечии DUFF и тоа не е нешто што треба да дозволиме да ни влезе во глава.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: