(ФОТО) 12 годишно девојче смисли начин како инфузијата да ја направи попријатна!
Престојот во болница на децата им е навистина тежок, особено кога примаат инфузија или некој лек кој низ игла влегува во нивниот крвоток. Погледот кон таа вреќичка, која виси над креветот, и дала генијална идеја на 12 - годишната Ели Касано од САД.
Имено, таа дошла до решение ова искуство да го направи попријатно - па така вреќичката или шишето да се сокријат во посебно дизајнирано мече, кое го нарекла „Меди Теди“. Ова досетливо девојче поради многу ретката хронична болест, идиопатска тромбоцитопенична пурпура (тоа е склоност кон крварење поради ниски тробоцити), мора на секои осум недели да оди во болница и интезивно да прима терапија.
„Кога ја имав првата инфузија, бев многу изненадена и малку престрашена од изгледот нац ефките и мединските опреми на мојот сталак. Видов дека не сум единствена, што дури и останатите деца во болницата се чувствуваат како и јас. Тогаш започнав да размислувам како тоа искуство да го направам попријатно, и така настана „Меди Теди“. Се надевам дека ќе им помогне на другите деца еднакво како што ми помага и мене“ - напиша Ела на својата интернет страница.
Изумот го патентирала и го направила прототип, а сега треба да изработи најмалку 500 парчиња за да може да ја испорача првата нарачка.
За да собере пари за овој потфат, нејзиното семејство започнало кампања за собирање на донации на GoFundMe. Ела планира да ги сподели со болните деца кои мораат често да бидат во болница како и таа, пренесува abc7chicago.com.