(ФОТО) 6 - годишно момче испрати силна порака напишана на маичката за првиот училишен ден!

(ФОТО) 6 - годишно момче испрати силна порака напишана на маичката за првиот училишен ден!

Објавена во: Семејство, School zone

6 - годишното момче по име Блејк истакнува силна љубезност и пријателство токму на првиот училишен ден. Минатата недела неговата мајка, Ники, објавила на фотографија од својот син во маичка на која пишува: „Ќе ти бидам пријател“.

Мајката и синот заедно одлучиле да ја реализараат оваа идеја. Малиот Блејк сакал маичка со точно одредена порака.


„Морам да се пофалам со мојот син. Реков дека за почетокот на училишната година ќе му направам маичка каква што ќе посака. Најдраги му се мотивите со кошарка и фудбал“ - откри неговата мајка, која инаку е сопственичка на фабрика која изработува персонализирани предмети и на маичката може да испише било што. Малку размислил и и рекол: „Ќе ми направиш ли маичка на која пишува 'Ќе ти бидам пријател' за сите деца на кои им требаат пријатели да знаат дека сум тука за нив?“ Никогаш не ја потценувајте големината на детсткото срце“ - стои во објаснувањето на фотографијата.

„Сакам да бидам сигурен дека сите злоупотребувани деца ќе знаат дека веќе имаат барем еден пријател“ - рекол Блејк.

Објавена во: Семејство, School zone

Можеби ќе ве интересира: