(ФОТО) 9-годишниот Ѓорѓи е првиот Македонец кој ја решава рубиковата коцка со нозе!

(ФОТО) 9-годишниот Ѓорѓи е првиот Македонец кој ја решава рубиковата коцка со нозе!

Тој имаше само 8 години кога за нашиот портал одговори на неколку прашања. Тогаш зад себе имаше освоено 3 златни и еден сребрен медал. 

Тогаш откри дека по минимум еден час, а некогаш и два часа вежба со рубиковата коцка во рака. Се пошегува со нас сподели дека неговите другари му се чуделе како една коцка може да биде спорт.

Но, тој не подледнал на овие провокации и наместо да се откаже од својата цел, тој продолжи да работи на неа. Денес Ѓорѓи Чешмеџиевски има 9 години и нов рекорд поради себе.

Тој е првиот Македонец што го оствари својот сон и успеа да ја реши рубиковата коцка со стапалата на нозете и тоа за само 1:15.15. 

Освен овој рекорд, Ѓорѓи во Осиек, Хрватска постави уште неколку други рекорди „само“ со раце. Во продолжение погледнете ја галеријата која неговиот татко ја сподели на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира: