(ФОТО) Антониа стилизирана од Викторија Бурсаќ заблеска на предевровизиската забава!
Вчера Тамара Тодевска и нејзиниот тим организираа предевровизиска забава за фановите и за новинарските екипи. Целиот тим скоцкан од глава до пети заблеска на поздравувањето, пред денешното заминување во Израел.
„Целата екипа и јас се чувствуваме подготвени. Патуваме за Тел Авив без притисоци и без трема. Сигурни сме дека добро ќе се претставиме на евровизиската сцена“ - изјави Антониа Гиговска.
Стилизирана од глава до петици од Викторија Бурсаќ ги освои симпатиите на сите присутни, но и на нашиот објектив. Затоа се решивме да направиме една мини фотосесија само за Хаштаг, а како изгледаше погледнете во продолжение!
фото: Вангел Тануровски