(ФОТО) Близначките кои ја толкуваа улогата на бебето Ема во Пријатели дипломираа: А ние официјално остаревме
Предупредување за спојлер - ќе се чувствувате многу стари, но не грижете се, ние ќе бидеме тука за вас.
Се сеќавате кога ќерката на Рос и Рејчел, Ема дојде на свет во Пријатели?
Сцената од породувањето каде Рејчел чекаше “вечност“ да биде повикана за пораѓај?
Секако дека се сеќавате, беше само пред околу 10 години, нели? Но не, симпатичните како колачиња близначки кои ја толкуваа Ема се Кали и Ноел Шелдон, и не се 10 години.
Близначките всушност дипломирале средно училиште, а се родени во јуни 2002 година.
Прекрасните сестри ја одбележаа својата матура, позирајќи на Инстаграм.
Покрај нивните студии, тие продолжија со актерството.
За да ја одбележи 25-годишнината од шоуто минатата година, Кали сподели неколку „зад сцената“ снимки од актерската екипа и тие се толку симпатични.
На фотографијата Кали ја има насловено „мајка“, Џенифер Анистон додека го држи бебето Ема во рацете.
Кортни Кокс и Лиза Кудроу си играат заедно со Анистон и Ема.